25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПоткровје во Сан Франциско (фото)

Поткровје во Сан Франциско (фото)

poop14

Кога помислуваме на топол и гостопримлив ентериер, бетонот обично не ни е првата асоцијација…

Овој пат, ви докажуваме дека со вистинската инспирација и вештините можете да креирате прекрасни нешта. Ова прекрасно поткровје во Сан Франциско има високи бетонски тавани и е вистинскиот пример како ентериерот со елементи од бетон може да биде навистина пријатен, а не остар и груб.

Станот кој овој пат ви го претставуваме има површина од околу 200 квадратни метри, една спална соба и две бањи. Главните одлики на овој ентериер се неговата пространост, прозорците во индустриски стил и со импресивна големина, како и величествениот светларник преку кој влегува голема количина на светлина.

Отворените бетонски ѕидови и тавани се декорирани со спектар од различни текстури и завршни детали кои на овој простор му даваат еден вид шарм. Кујната која е доста пространа и опремена со модерни апарати се отвора кон дневната соба во која е сместен шанкот осмислен како простор за појадок. Кујнските елементи и скалилата се направени од винтејџ дрво кое е многу симпатично прикажано.

Спалната соба на горното ниво од ова поткровје има простран гардеробер и целосно опремена бања во која има светларник. Мебелот во спалната соба е многу примамлив и опушта по само еден поглед. Големите прозори во спалната соба ви даваат можност за уживање во погледот на заоѓањето на сонцето и панорама поглед кон градот.

poop1

poop2

poop3

poop4

poop5

poop6

poop7

poop8

poop9

poop10

poop11

poop12

poop13

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП