29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот хотел ION (фото)

Луксузниот хотел ION (фото)

iio1

Идејата за претворање на напуштените градби во фасцинантни ремек дела на архитектурата е нешто на што веќе се навикнавме…

Хотелот „ION“ во Нејсавелир, на Исланд, е дизајниран од страна на американското студио „Minac“. Ова дизајнерско студио, при дизајнирањето на овој хотел, за цел имало да креира неверојатно искуство од вашиот одмор, со драматични и магични елементи.

Локацијата на овој хотел допринела за исполнувањето на нивната цел, со оглед на тоа дека од таму се овозможува поглед на езерото Тингвалават и околните планини.

Овој хотел е изграден со употреба на постоечките конструкции и готови панели во комбинација со одржливите материјали.

Дизајнот ги почитува креативните идеи и околниот пејсаж во поглед на конструкцијата, панорамата и сместувачките капацитети. Холистичкиот пристап на целиот овој проект за резултат имал креирање на моќна поврзаност помеѓу дестинациите кои ги креирал човекот и неверојатните природни магии на Исланд.

Престојот во овој луксузен хотел е додатно подобрен со поврзаноста со гејзерите и глечерите кои се дефиниција за овој простор, како и незаборавниот поглед на разиграната Поларна светлина.

iio2

iio3

iio4

iio5

iio6

iio7

iio8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП