28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткријте колку вработените ве почитуваат

Откријте колку вработените ве почитуваат

respekt

Не морате да посегнувате по анонимни анкети или да ангажирате „кртови“ за да дознаете колку вработените ве почитуваат. Нивна наклоност ќе имате сигурно само ако не ги правите овие работи…

Почитување. Од вработените би требало да го добивате автоматски, бидејќи ви се подредени, зар не? Не е така едноставно. Многу шефови ја губат почитта од своите работници бидејќи работниците ја губат довербата во нив.

Со други зборови, кога вашите „следбеници“ ќе почнат да се сомневаат во вашето водство, секоја ваша одлука станува сомнителна. За да не ви се случи тоа, видете што се предизвикува недоверба и недостаток на почит кај вработениот:

 

1.Недостаток на доверба

Можеби мислите дека тука станува збор за мал проблем, ама не е така. Кога вработувате личност да работи одредена работа, таа личност очекува да верувате во нејзините способности. Микро менаџментот и надгледувањето на секој чекор на вработените се изразени демотиватори, бидејќи кон поединци праќаат сигнали дека надредениот ги смета за некомпетентни и неспособни.

Земете слободно време и размислете за квалитетите на секој ваш вработен. Бидете фер при распределбата на работите и поставувајте им предизвици преку кои ќе можат да го искористат својот потенцијал, без вие да им дишите во вратот.

 

2.Несигурност

Постојат шефови кои не им дозволуваат на своите вработени да напредуваат бидејќи и самите се несигурни. Исто така, несигурен шеф „предизвикувачките“ работи им ги дава на едни исти луѓе, бидејќи се плаши дека некои други вработени тоа не знаат да го направат и се плаши дека ќе го посрамотат. Оваа несигурност е посебно изразена кај жените. Не ретко, несигурноста излегува од стравот на шефот, бидејќи мисли дека некој вработен сака да дојде на неговото место.

Повеќето вработени навистина сакаат да имаат добар однос со шефовите, а малку кој вработен сака да ја работи работата на шефот. Сепак е полесно да работите за некого, посебно кога до него се чувствувате удобно и кога таа личност од вас го вади она најдоброто.

 

3.Непочитување на туѓото време

Шефовите некогаш очекуваат вработените да прекинат со работата, бидејќи она што тие имаат да им го кажат е поважно од нивната работа. Постојат и такви кои ги задржуваат вработените на долги (и непродуктивни) состаноци, а истовремено се подразбира дека после состанокот сите треба да продолжат со својата работа максимално посветено и продуктивно. Секако, како шеф имате право да повикувате на состаноци, и да очекувате сите да слушаат што имате да им кажете. Сепак, шефот треба да ја знае големината на работата на своите вработени. Исто така, мора да има на ум дека не постојат „тешки“ и „лесни“, туку само „различни“ работи. Секоја работа е еднакво вредна и секој треба има квалитетни услови за работа, за да ги заврши своите работи навреме. Пречењето во работата на другите е некултурно, а секако не е ниту продуктивно.

 

4.Лоши комуникациски вештини

Безрезервна послушност е неопходна во војска, посебно во итни случаи. Од друга страна, модерните работни простории се места во кои размената на информации, додатните појаснувања и разумните рокови се многу вообичаена појава.

Вистина е дека менаџерите мораат да пронаоѓаат решенија во клучните ситуации, но тоа не значи дека треба да бидат исклучителни. Вработените имаат свое мислење и не е лошо да ги прашате што мислат за конкретниот проблем. Никој не сака диктатори.

 

5.Донесување на лоши одлуки

Лошо е релативен поим. Она што е лошо за вработените, може да биде добро за компанијата. Понекогаш е тешко да се најде решение кое ќе ги задоволи двете страни. Понекогаш, едноставно, морате да изберете страна. Сепак, пред да донесете дискутабилна одлука, размислете за краткорочните и долгорочните последици. Дали таа одлука е навистина потребна и како ќе влијае на моралот на вработените? Како конкретната одлука ќе ја унапреди работата на компанијата во поединечни сегменти?

Кога ќе донесете таква одлука, важно е како ќе ја изложите пред вработените, посебно ако е поврзана со нив.

 

6.Невкусни шеги

За некои вработени тоа можеби е прифатливо или лесно за опростување, но за некои не е. Човек кој доаѓа на работа е психички подготвен на фактот дека влегува во деловно окружување. Невкусна шега веднаш „на врата“ е навистина последната работа со која секој од нас сака да го започне својот работен ден. Тоа посебно се однесува на сексистичките изјави, коментирање на стилот на облекување, фризурата или некои други двосмислени референци.

Никој не вели дека смислата за хумор е забранета, но на некои шеги, со причина, местото не им е во канцелариите. Вработените кои на таквите коментари пристојно се смешкаат можеби се длабоко навредени, но не се осудуваат тоа да го признаат.

 

И за крај…

Секако, вие сте шеф, што значи дека можете да им наредите на луѓето да ве почитуваат. Но, не сакате почитта да ја стекнете на тој начин, туку сакате тоа да биде разултат на вашата професионалност, колегијалност и на другите квалитети кои вработените ги препознаваат во вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП