19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаст на приходите и заработката на Airbus

Раст на приходите и заработката на Airbus

Airbus A350 XWB

Eвропскиот производител на авиони, „Airbus“ ги објави податоците за раст на добивката во првите девет месеци од оваа година од 12 проценти, но предупреди на потенцијалните проблеми поврзани со воениот авион „A400M“.

Основниот профит на „Airbus“ порасна од почетокот на годината до крајот на септември за 12 проценти или на 2.59 милијарди евра, додека приходите се зголемени за четири отсто или на 40.5 милијарди евра.

Нето-добивката порасна за 16 проценти или на 1.49 милијарди евра.

Само во третиот квартал, оперативната добивка на „Airbus“ порасна за 14 проценти на годишно ниво или на 744 милиони евра, што е повеќе од очекувањата на аналитичарите. Но, приходите стагнираа.

Airbus“ соопшти дека побарувачката за производите остана „моќна“, па вредноста на нарачките до 30-ти септември изнесува 765,4 милијарди евра во споредба со 680,6 милијарди евра на крајот на 2013-та година.

„Подобрувањата на оперативната ефикасност ги поддржа приходите и профитабилноста во текот на деветте месеци од 2014-та година“, вели извршниот директор на групацијата „Airbus“, Том Ендерс.

Но, тој предупреди на можни негативни последици од оддолжувањето на програмата за леталото „A400M“.

Овој воен авион е развиен за седум европски членки на НАТО сојузот со трошок од 20 милијарди евра.

Поради постојаните одложувања и растот на трошоците за развој, оваа програма се најде во проблеми уште во 2010-та година, па поради доби помош од 3.5 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП