25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин: Ќе ги употребиме резервите доколу има потреба

Путин: Ќе ги употребиме резервите доколу има потреба

476616659-russian-president-vladimir-putin-looks-on-during-a.jpg.CROP.promo-mediumlarge

Руската влада е подготвена да ги активира акумулираните резерви доколку економската ситуација во земјата се влоши, но ќе вложи средства само ако тоа донесе економска корист, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

Путин во интервјуто за агенцијата ТАСС изјави дека властите ја разгледуваат можноста за користење на пари од наменскиот национален фонд за клучни инфраструктурни проекти многу пред сегашниот пад на цените на нафтата.

„Уште претходно ги планиравме овие работи, а сега, кога пазарната ситуација се влошува, доаѓаме до нив. Сепак, тоа не значи дека едноставно ќе ги „изедеме“ своите резерви и ќе ја занемариме економската корист поради решавање на актуелните проблеми. Нема така да работиме“, изјави Путин.

Тој додаде дека инвестициите од националниот фонд ќе бидат насочени во неколку области, а една од нив е инфраструктурата.

Путин прецизирапе дека мисли на изградба на сообраќаен прстен околу Москва, бројни железнички премини и модернизација на пругите за товарен сообраќај кон истокот, како и на брзите пруги, пристаништа и аеродромите.

„Тоа го кажавме пред две години“, изјави Путин и се спротивстави на мислењето дека руската економија веќе сега треба да се подржи со парите од резервниот фонд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП