23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на добивката на германски RWE

Пад на добивката на германски RWE

RWE_550x300

Германскиот снабдувач со енергија „RWE“ ги потврди зацртаните годишни резултати и покрај остриот пад на добивката во првите девет месеци од оваа година.

Во периодот од јануари до септември „RWE“ оствари 763 милиони евра нето добивка, што е 60 проценти помалку отколку во истиот период од лани. Приходите во истиот период се намалени на 8.8 посто или на 35,2 милијарди евра.

„Тврдоглаво ниските цени на пазарот на големо на електрична енергија и невообичаено високите температури имаа влијание на нашето работење и во 2014-та“, истакнуваат од компанијата во соопштението.

Во „RWE“ притоа потсетуваат дека дополнителна причина за остриот пад на приходите и добивката во однос на истиот период од лани се минатогодишните еднократни приходи, како и фактот дека нето-добивката повеќе не ги вклучува резултатите на „RWE Dea“, бидејќи продажбата е во постапка.

„Покрај тие намалувања, во првите три месеци од оваа година, беа повеќе од светли, отколку темни точки“, констатира извршниот директор, Петер Териум.

Од компанијата порачуваат дека неповолните фактори во првите девет месеци од оваа година биле во склад со очеувањата, па поради тоа ја потврдиле прогнозата за годишната нето-добивка во висина од 1.2 до 1.4 милијарди евра, како и оперативната добивка од 6.4 до 6.8 милијарди евра, како и приходи од околу 50 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП