29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАOва е првата фотографија од површината на кометата

Oва е првата фотографија од површината на кометата

kometa mala

Откако роботот „File“ успешно слета на Кометата 67P/Чурјумов-Герасименко, сега се појави и првата фотографија од самата комета.

Ова е прв пат во историјата едно вселенско летало да се спушти на комета и „голем чекор за човештвото“, рече директорот на Европската вселенска агенција (ESA), Жан-Жак Дорден.

Сондата „File“ ќе собира материјали и ќе ги испрати на научниците кои ќе ги искористат за проучување на небеските тела.

kometa golema

Во текот на вчерашниот ден, се појавија многу фотографии за кои се тврдеше дека се снимени на кометата, меѓутоа тие беа фотографирани од „Rozetа“, неколку километри одалечена од кометата.

Податоците кои досега пристигнаа од роботот, покажуваат дека имало три обиди за слетување, затоа што сондата не успеала да се прицврсти на површината. Помеѓу првиот и вториот обид поминале два часа, а меѓу вториот и третиот само десет минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП