Тим од инженери разви нова флексибилна батерија која би можела да ја отвори вратата за голем број на нови технолошки и медицински достигнувања.
Малите батерии кои можат да бидат свиткани и растегнати ќе овозможат вистинска интеграција на растегливата електроника во мал пакет.
Новите батерии мажат да бидат свиткани и растегнати до 300 проценти од својата првобитна положба без страв дека тие ќе пукнат, а системот за безжичен пренос на енергија кој се користи за овој тип на батерии ќе овозможи нивно безжично полнење.
Новите батерии можат да ја најдат својата упореба и во флексибилните мобилни уреди, на кои веќе некое време работат компаниите „LG“ и „Samsung“.