19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена прогнозата за раст на Британија

Намалена прогнозата за раст на Британија

velikabritanijakjf09ewu4f9-4

Банката на Англија (BoE) ја намали прогнозата за економскиот раст на Британија, наведувајќи ги како причина економските потешкотии во соседната еврозона.

„На Европа и се заканува економската стагнација, со разочарувачки економски раст и намалување на довербата“, изјави гувернерот на „BoE“ Марк Карни во Лондон, пренесува агенцијата Франс прес.

Банката предвидува дека британскиот бруто домашен производ наредната година ќе порасне за 2,9 проценти во однос на претходно очекуваните три проценти. Од друга страна, во тековната година се очекува повисок економски раст од 3,5 проценти.

Британија не е членка на еврозоната, но земјите од оваа монетарна унија се нејзиниот најголем трговски партнер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП