20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТројно зголемена добивката на UniCredit

Тројно зголемена добивката на UniCredit

unicredit67u776jnu

Италијанската банкарска групација „UniCredit“ соопшти дека нето добивката во третиот квартал е повеќе од тројно зголемена на годишно ниво, благодарение на намалените резервации за лошите кредити, пренесуваат агенциите.

Нето добивката во наведениот период е зголемена на 722 милиони евра, од 204 милиони евра во истиот период минатата година, се наведува во соопштението на „UniCredit“. Приходите во истиот период се намалени за два проценти, на 5,55 милијарди евра, покажа деловниот извештај.

Банката во наведениот период издвои 754 милиони евра за покривање на евентуалните загуби од ненаплатливите кредити. Во истиот период минатата година резервациите изнесувале 1,48 милијарди евра.

Во првите девет месеци од оваа година нето добивката достигнала 1,8 милијарди евра, што значи дека е зголемена за 81,3 проценти во однос на истиот период минатата година, се наведува во деловниот извештај. Приходите истовремено се намалени за 3,9 проценти, на 16,9 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП