25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНови главоболки за Бритиш Петролеум

Нови главоболки за Бритиш Петролеум

bp

Во судот во Њу Орлеанс започна нов процес против нафтената корпорација Бритиш Петролеум (BP), поради несреќата на нафтената платформа во Мексиканскиот Залив.

Тогаш во период од три месеци во 2010-та година истекоа повеќе од 750.000 тони нафта, а животот го загубија 11 работници.

Бритиш петролеум во јануари ја призна вината за повеќе казнени дела, вклучувајќи го и убиство без умисла, за кои мораше да плати 4 милијарди долари. Но поради нанесените штети на животната средина, а особено во економијата, доколку судот утврди дека е виновна, оваа компанија ќе биде „полесна“ за 20 милијарди долари.

„Излевањето на нафтата беше неизбежно поради корпоративната култура на БП. Доказите покажуваат дека на нив најважни им биле парите“, вели главниот тужител, Лутер Стрејнџ.

Адвокатот, Џејмс Рој кој во судот застапува една коалиција на клиенти кои ја тужат БП, тврди дека доказите покажуваат дека Бритиш петролеум крателе каде што можеле, а тоа довело до експлозија и невидена еколошка катастрофа.

Во серија на истраги од владата беше откриено дека БП и неговите партнери се одговорни за несреќата, затоа што до несреќата дошло поради тоа што сакале да заштедат на време и пари на сметка на превенцијата. Во одвоен процес компанијата спогодбено се договори со жителите и другите погодени од катастрофата.

Па според проценките, нафтениот гигант спогодбата ќе ја чини околу 7.8 милијарди долари. Тие ќе треба да платат казна од 1.3 милијарди долари, на Националната фондација за риби и диви животни ќе исплатат 2.4 милијарди долари, а на Националната академија за наука 350 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП