19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШведскиот пазар отворен за висококвалитетни македонски производи

Шведскиот пазар отворен за висококвалитетни македонски производи

seminar

Денес во хотел Карпош се одржа семинар “Export to Sweden” во организација на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РМ заедно со Open Trade Gate Sweden, Шведска Владина Агенција чија цел е да ја поттикне трговијата и зголеми извозот на земјите во развој кон Шведска.

beminar

Во организација на настанот е вклучена и Амбасадата на Шведска во РМ, и по тој повод , амбасадорот  Н.Е Г-дин Мамс Страфансон се обрати на присутните:

„Овој семинар е по иницијатива на Амбасадата на РМ во Стокхолм, македонската Агенција за странски инвестици, како и Амбасадата на Шведска во Скопје со цел да ги информираме македонските компании кои се условите за извоз во нашата земја. Шведска е отворен пазар и импортираме многу храна. Македонските компании, особено малите, немаат големо искуство со нашите компании кои се географски одалечени. Сепак, има голем потенцијал кој што треба да се искористи во иднина. Во моментов сме насочени само кон прехрамбената индустрија, но тоа незначи дека соработката нема да се прошири и во другите сфери“, изјави Амбасадорот Страфансон.

Заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РМ во својот поздравен говор посочи:

,,Шведскиот пазар е стабилен и од тие причини висококвалитетни и високо сегментираните производи се добредојдени на овој пазар. Па од таму произлегува потребата за вакви семинари и настани од кои ефектите ќе се повеќе од евидентни, како преку зголемениот пласман, така и преку стекнатите нови знаеања и искуства на домашните компании, кои на свој начин стануваат поспремни да излезат со сопствени производи на шведскиот пазар”.

Овој семинар се однесува за прехранбената индустрија ( свежо овошје и зеленчук, преработки, кондиторска, смрзната) во Македонија со цел да се зајакне бизнис секторот со значење за правните и бизнис ситуацииите во Шведска, а воедно подобро и одблиску да се согледаат можностите за извоз во Шведска.

semina

Истиот е специјално прилагоден за компаниите учеснички на семинарот.

Целта на овој семинар е да се помогне во извозната стратегија на земјата во прехранбената индустрија како сектор од посебен интерес за Република Македонија.

seminar

На семинарот присуствуваат 25 извозно подготвени компании од Република Македонија од прехранбената индустрија (преработувачка, смрзната и кондиторска, свежо овошје и зеленчук) кои сакаат да го освојат шведскиот пазар.

semi

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП