28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПаметен телефон за сите

Паметен телефон за сите

telefonce

Првиот паметен телефон на компанијата „Fujitsu“ кој работи на Андроид оперативен систем, е наречен „Fujitsu Stylistic S01“ и е наменет за специфична група на клиенти, постари луѓе и сите оние на кои технологијата им е „баук“.

Станува збор за телефон со четирицилиндричен 800х900 екран, кој доаѓа со „Ice Cream Sandwich“, камера од 8MP и 1.4GHz „single-core“ процесор. Моделот е отпорен на вода и прашина, а оставена е и можност за проширување на меморијата од 4GB.

Андроид за оваа прилика имаше голема трансформација и неговиот начин на употреба е значително поедноставен. На пример, колку и да истражувате во менито, можноста да се загубите е доведена на минимум, а во тоа ќе ви помогнат „зелените прашалници“ кои во секој момент ќе ви кажат каде се наоѓате во менито, но и да ве одведат до саканата цел.

Акцентот е ставен на функционалноста и сигурноста, кога станува збор за екранот да допир, кој особено на постарите лица им претставува проблем. Во овој случај брзината на прелистување е значително поспора, која им одговара на овие лица.

Посебно е интересен и додатокот за успорување на говорот на оној со кој разговарате, со што разговорите кои корисниците ги водат ќе бидат појасни. И покрај ова, и натаму без проблем може да се инсталираат сите достапни апликации, па оние кои ќе се одлучат за овој телефон нема да им биде скратено ништо.

Телефонот прво во продажба ќе се најде во Франција во текот на летото, а потоа и во другите земји. Иако експертите не предвидуваат голема продажба, сепак „Fujitsu Stylistic S01“ без сомневање ќе има своја верна армија обожаватели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП