29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеска компанија ќе инвестира една милијарда евра во енергетски комплекс во Романија

Кинеска компанија ќе инвестира една милијарда евра во енергетски комплекс во Романија

oltenia romania

Романскиот „Енергетски комплекс Олтенија“ потпиша историска спогодба со кинеската компанија „Чајна Хуадајан Еџиниринг“ за создавање на компанија од мешан тим, а целта на спогодбата е изградба на енергетска група со моќност од 500 мегавати во градот Ровинари со инвестиција од една милијарда евра, пишува весникот „Романија либера“.

Меморандумот беше потпишан во владината палата „Викторија“ во присуство на премиерот Виктор Понта и министерот за економија Константин Ница од претседателот на „Енергетски комплекс Олтенија“, Мауренциј Дан Чурел и претседателот на „Чајна Хуадајан Еџиниринг“, Јан Јон.

Кинескиот претставник посочи дека компанијата, која ја раководи ќе биде главен претприемач и инвеститор, а целта е спроведување на еден „висококвалитетен проект“.

Тој истакна дека „Чајна Хуадајан Еџиниринг“ е заинтерсирана и за други енергетски проекти во Романија и оти во иднина планира да учествува во тие проекти.

Премиерот Виктор Понта од своја страна го поздрави создавањето на новата компанија со заеднички капитал и изјави дека Владата ќе ги поддржи сите инвестиции за развој и модернизација на производителите на термо, хидро и нуклеарната енергија.

Тој додаде дека оваа инвестиција, заедно со други романско-кинески проекти, кои треба да бидат спроведени, ќе достигнат вкупна вредност од седум милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП