28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОсновачот на Android си заминува од Google

Основачот на Android си заминува од Google

andy rubin e3

Извршниот директор на компанијата, Лери Пејџ објави дека Енди Рубин си заминува од „Google“, му се заблагодари за неговите години успешна соработка и му посака среќа во идните предизвици.

Енди Рубин е ко-основач на компанијата „Android Inc.“, која уште во 2003-та година започна со развојот на својот оперативен систем за мобилни уреди, за во 2005-та да го превземе „Google“ и од „Android“ да направат водечки мобилен оперативен систем.

Во „Google“, Рубин продолжи да работи на „Android“ и воедно беше потпретседател на компанија, а од декември минатата година беше задолжен за одделот за роботика.

Следниот предизвик за Рубин ќе биде од претприемничка природа. Тој, имено, ќе основа инкубатор за хардверски „startup“ компании.

Неговото место во „Google“ ќе го пополни Џејмс Куфнер, научник и истражувач кој работи како професор на Универзитетот Карнеги Мелон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП