23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСе подготвува седан верзија на Mazda 2

Се подготвува седан верзија на Mazda 2

mazda sedan dva

Јапонскиот производител најави дека до крајот на ноември ќе ја претстави новата „Mazdа 2 Sedan“.

Автомобилот на почеток ќе се продава на азискиот пазар, а раководството на „Mazdа“ ја разгледува можноста да се понуди и на клиентите во Европа.

„Mazda 2 Sedan“ ќе има светска премиера на меѓународниот саем кој ќе се одржи од 28-ми ноември во Тајланд.

Tајланд е избран за промоција на новиот модел, затоа што ова возило ќе се произведува токму во фабриката на „Mazdа“ во оваа земја.

„Mazda 2 Sedan“ на почетокот ќе биде достапна во верзија со 1.5-литарски „SKYACTIV-D“ дизел мотор со 105 ks (77 kW) и 220 Nm, кој се вградува и во хечбек верзијата, додека подоцна на располагање најверојатно ќе биде и бензинска верзија.

За купувачите во Европа може да биде интересна изјавата на претставникот на „Mazdа“, кој вели дека оваа верзија можно е да се најде и на европскиот и австралискиот пазар, со цел да се зголеми продажбата на овој модел и да се оправдаат трошоците за развој и производство.

За европскиот пазар понудата на мотори секако ќе биде проширена со 1.5-литарски „SKYACTIV-G“ бензинец со 75 ks (55 kW) и 135 Nm и 90 ks (66 kW) и 148 Nm.

Додека „Mazda“ се уште ги нема објавено официјалните фотографии, можете да го погледнете компјутерскиот цртеж кој го направи независниот дизајнер Теополиус Чин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП