20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе одржа регионалниот ReSPA министерски состанок

Се одржа регионалниот ReSPA министерски состанок

reSPA

Заедничката соработка и размената на искуства меѓу земјите од западен балкан е клучно за напредок на патот кон ЕУ интеграција

Регионалното школо за ЈавнаАдминистрација (ReSPA) денес во Холидеј Ин Скопје организира состанок на кој земаа учество Министри од седум земји од западен Балкан. Целта на оваа средба беше да се оценат резултатите и напредокот на земјите од Западниот Балкан во имплементацијата на реформите во Јавната Администрација, како и размена на искуства за процесот на интеграција во ЕУ.

Станува збор за петта годишна средба на министерско ниво која ја организира РеСПА, а на која присуствуваат министрите задолжени за реформи на Јавната администрација и процесите на европска интеграција. Домаќин оваа година беше Македонија и Министерот за Информатичко општество и Јавна администрација г. Иво Ивановски, кој го предаде претседавањето со РеСПА во 2015 година на Црна Гора.

г. Аиво Орав, шефот на делегацијата на Европската Унија за Македонија, во својот воведен говор за време на отворањето на РЕСПА министерскиот состанок, истакна дека Европската Унија и понатаму ќе ги поддржува активностите на РЕСПА, истакнувајќи дека реформите во јавната администрација се важен услов за земјите од Западен Балкан на патот и  интеграцијата во ЕУ. А евентуалните потешкотии кои настануваат во овој процес, многу полесно можат да се надминат доколку постои регионална соработка меѓу земјите, нивен отворен дијалог и размена на искуства.

„Целта на денешниот собир во Скопје беше да ги разгледаме, анализираме и оцениме резултатите и напредокот на земјите од балканскиот регион во имплементацијата на реформите во јавната администрација, и да предложиме мерки како Регионалната школа за јавна администрација ќе се развива во натамошниот период заради реализација на заедничките регионални цели во таа насока. Денес имавме можност да проследиме исклучително значајни и интересни презентации и дискусии од нашите гости, поврзани со насоките и препораките за идниот период во контекст на евро-интеграциите, за националните реформи во јавната администрација и нивното влијание врз економскиот раст и конкурентноста, како и за идната регионална соработка која произлегува од целите на РеСПА, изјави Министерот за Информатичко општество и Јавна администрација г. ИвоИвановски.

yoper

Според, Грегор Виран, поранешен министер за јавна администрација на Словенија: „РЕСПА како високо квалитетна институција за обука, претставува и одлична платформа за развивање на регионалната мрежа во кој ќе биде вклучена јавната администрација. Таа мрежа може да работи на три нивоа и тоа: на ниво на министри, потоа на ниво на високи лица задолжени за спроведување на реформите на јавната администрација и преку соработка со лицата кои оперативно ги даваат услугите во институциите на јавната администрација. Исто така за РЕСПА да биде ефикасна треба да има и политичка поддршка од сите земји од регионот“.

Заменик секретарот на регионалниот кооперативен совет Газмент Турдиу истакна дека заеднички цели на регионалниот акционен план со цел да се обезбеди ефикасна јавна администрација се: унапредени политики и регулаторни капацитети, подобрување на квалитетот на јавните услуги, подобрување на соработката на различни нивоа на јавната администрација и подобрување на капацитетот на лицата кои што се дел од неа. Овие активности се дел од регионалниот акционен план на РЕСПА и НАЛАС (мрежата наасоцијациина локалните власти воЈугоисточна Европа) која што програма ќе се спроведе во периодот кој следи.

РеСПА ги информираше министрите за актуелниот напредок (во реформите на Јавната администрација и процесите за европска интеграција) и ги претстави насоките и препораките за идниот период. Имајќи ја предвид заедничката цел, а тоа е ЕУ интеграцијата, состанокот беше одлична можност да се разменат искуствата и да се подобри соработката меѓу земјите од Западен Балкан, за кои овие два процеси се приоритети на патот кон ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП