24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Гас за Киев кога ќе биде уплатена првата рата“

„Гас за Киев кога ќе биде уплатена првата рата“

S

Испораките на рускиот гас за Украина ќе бидат обновени кога Киев наредната недела ќе го отплати првиот дел од долгот кон Газпром, вели директорот на тој руски гасен гигант, Алексеј Милер.

Неговата изјава доаѓа само неколку часа откако Русија, Украина и Европската унија постигнаа договор за продолжување на испораките на рускиот гас за Украина и ЕУ, пренесува агенцјата АП.

Овој договор донесе олеснување за Европа, која стравуваше дека и оваа зима ќе ја помине како 2008 година, кога поради гасниот спор меѓу Киев и Москва Украина го затвори гасоводот за гасот кој беше наменет за Европа.

Газпром во јуни ја прекина испораката на гас за Украина поради акумулираниот долг со барање во иднина испораките да се отплаќаат однапред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП