16 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто е подобро за хигиена на рацете: Хартиен брисач или сушач за...

Што е подобро за хигиена на рацете: Хартиен брисач или сушач за раце? (видео)

74689_pap_630x0

Сите знаеме колку миењето на рацете е важно, особено во сезоната на настинки и грип, но кој е најдобриот начин за сушење на рацете – бришењето со хартиен брисач или сушењето на рацете со сушач за раце?

Ако рацете ги миете со сапун, голем дел од бактериите ќе исчезнат, но ако рацете не ги миете како што треба или ги миете само со вода, начинот на сушење може да биде многу важен.

Бактериите на влажната кожа се шират брзо. А со допир на фармерките или вратата можете да соберете уште неколку бактерии.

Во тој случај најдобро е да го користите хартиениот бришач за рацете.

Ако рацете ги сушите со сушачот за раце (фен за раце), потребно е покрај него да стоите барем 45 секунди за да отстраните 97 проценти од влагата, додека 96 проценти од влагата на рацете ја отстранувате за 10 секунди користејќи хартиен бришач.

Сепак, повеќето луѓе поминуваат најмногу 22 секунди во сушењето на рацете со фенот за раце, поради што од нив испарува само 70 проценти од влагата. А оние кои пет секунди ги бришат рацете со хартиен бришач можат да соберат дури 85 проценти од влагата на рацете.

74688_papi_630x0

Траењето е исто така многу важно за отстранувањето на бактериите. При користењеро на бришач голем број на бактерии директно преминуваат на хартијата. А некои истражувања покажаа дека фенот за раце може да го поттикне протокот на бактерии во загадената бања.

Сепак, сушењето на рацете може да биде делотворно ако знаете тоа да го направите како што треба и ако доволно долго ги сушите рацете.

А ако сакате да ги исушите рацете како што треба а притоа да заштедите и хартија, по миењето истресете ги барем 12 пати, а потоа избришете ги со хартија.

Погледнете како тоа е објаснето во видеото:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП