20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLenovo и официјално е сопственик на Motorolа

Lenovo и официјално е сопственик на Motorolа

lenovo motorola 2

По неколку месеци подготовка, „Lenovo“ и конечно стана и официјален сопственик на „Motorolа“, чие превземање (купување) започна кон крајот на јануари оваа година.

Како што тогаш објавивме, вкупната вредност на договорот е 2,91 милијарди долари, од кои дел ќе бидат исплатени во готовина (660 милиони долари), додека остатокот ќе биде подмирен преку акции на компанијата (околу 750 милиони долари) и обврзници во противвредност од 1,5 милијарди долари во следните три години. Од готовинскиот дел од договорот треба да биде одземен износ од 228 милиони долари кои „Google“ ги доби уште во јануари кога беше постигнат договорот околу купувањето, односно продажбата на компанијата.

Што се однесува до патентите, „Google“ очекувано ќе ги задржи повеќето во своја сопственост, додека на „Motorola“ ќе и припаднат повеќе од 2.000 патенти. Исто така, „Motorola“ ќе добие и лиценцни права на патентите кои остануваат во сопственост на „Google“, како и се што е поврзано со брендот – „Motorola Mobility“ („Moto X“, „Moto G“, „Moto E“ и „DROID“ смартфоните, како и паметниот часовник „Moto 360“).

Што се однесува до финансискиот план, „Lenovo“ се надева дека во идните 4 до 6 квартали компанијата ќе оствари позитивни бизнис резултати. Кога станува збор за работниците, засега не се споменуваат отпуштања, туку „Lenovo“ наведува дека ќе ги превземе 3.500-те работници, од кои 2.800 се вработени во САД на работите поврзани со дизајнирање на уреди и нудење на корисничка поддршка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП