19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарците победија, Орбан го укинува данокот

Унгарците победија, Орбан го укинува данокот

orbanwijviktorkdqwdewq

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека го повлекувa предлогот на унгарската влада за оданочување на интернетот од 2015 година.

„Оданочувањето на интернетот не може да се воведе во сегашната форма. Тоа не може да се усвои во овие услови“, изјави Орбан во интервјуто за државното радио.

Десетина илјади демонстранти излегоа во неделата и вторникот на улиците на Будимпешта да протестираат против планот на унгарската влада. Протестите се одржани и во неколку други унгарски градови и пред неколку унгарски амбасади во земјите во ЕУ.

Демонстрантите го повикаа Орбан да се откаже од планот според кој провајдерите на интернет ќе мораат месечно да платат данок од 700 форинти (2,27 евра) по корисник и 5.000 форинти по компанија месечно. Граѓаните стравуваа дека тој трошок ќе им биде префрлен на нив.

Владата го најави овој предлог минатата недела, без претходни консултации со групациите од индустријата и со пратениците од владеачката партија Фидес.

За оваа вечер демонстрантите најавија „манифестација за прослава“ поради одлуката на владата да се откаже од овој предлог.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП