19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСветска Банка ќе укинува 500 работни места

Светска Банка ќе укинува 500 работни места

sb rabota

Светска Банка најави дека во следните три години, како дел од широката реконструкција со цел да се постигне поголема ефикасност, ќе укинат 500 работни места, што предизвика револт кај вработените.

Во првата голема реорганизација на „СБ“ во 1996-та, која требаше да вроди со намалување на нејзиниот буџет за 400 милиони долари, зголемување на конкурентноста и зајакнување на кредитирањето на земјите во развој, беа укинати близу 11 проценти од вкупно 4.500 работни места во финансискиот, истражувачкиот, безбедносниот и во секторот за човекови ресурси, кои сочинуваат скоро четвртина од вработените во Банката.

Некои од тие 500 вработени кои ќе добијат отказ ќе можат да се пријават за работа во други одделенија, во кои во идниот период ќе бидат вработени меѓу 230 и 250 лица, порачаа од Светска Банка, која нуди финансиска и техничка помош на земјите во развој.

На крајот без работа ќе останат близу 250 работници, вели претседателот на „СБ“, Јим Јонг Ким.

Отпуштањата за кои веќе долго време се шпекулираше, заедно со намалувањето на буџетот и внтатрешната реорганизација, предизвика протест кај вработените, но и стравување кај работодавците од ширење на револтот во време кога оваа финансиска институција се бори со глобалните предизвици и кога се обидуваат да го зајакнат своето значење.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП