24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБилетите за Скопски фестивал пуштени во продажба преку „Купи карти за се“

Билетите за Скопски фестивал пуштени во продажба преку „Купи карти за се“

skopje

Македонска Радио Телевизија ги пушти во продажба билетите за Скопски фестивал 2014, по симболична цена од 200 денари. Билетите се достапни преку продажната мрежа на Купи карти за се.

За секој присутен на настанот ќе следи аудио це-де со сите фестивалски песни. Местата се нумерирани и ограничени, само заинтересираните што ќе купат билет ќе имаат можност да уживаат во интерпретацијата на 20 македонски врвни изведувачи кои ќе настапат во живо. И овој пат, изведувачите ќе бидат придружувани од Ревискиот оркестар на Македонската Радио Телевизија.

Настанот ќе се одржи на 12ти ноември на спектакуларната сцена во „Метрополис Арена“ во Скопје, со почеток од 20.30 часот. Специјални гости на фестивалот се етаблираните поп диви на македонската музичка сцена, Калиопи и Каролина Гочева.

Извлекувањето за утврдување на точниот редослед за настап на учесниците ќе се одржи премиерно вечерва во емисијата „Стисни Плеј“ на МРТ, во 20.00 часот.

Годинешниот победникот на Скопскиот фестивал ќе ја претставува Македонија на јубилејниот, 60-ти Избор за песна на Евровизија во Виена 2015.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП