25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSeat има во план три кросовери

Seat има во план три кросовери

seat krosover4509

Претседателот на „Seat“, Јирген Стакман, откри дека овој производител покрај најавениот кросовер кој е заснован на моделот „Leon“, ја разгледува можноста за производство на уште две возила со слични карактеритики.

„Seat“ на почетокот на 2014-та година потврди дека работи на развој на компактен кросовер, кој би требало да се појави на пазарот во 2016-та година. Автомобилот ќе биде заснован на актуелниот „Leon“ и ќе ја користи „MQB“ платформата на „Volkswagen“.

Во меѓувреме, од шпанскиот производител пристигнуваат најави дека гамата на кросовер возила на „Seat“ многу бргу потоа би можела да биде проширена со уште два модели.

Првиот од нив, кој ќе биде базиран на „Ibizа“, ќе има погон на предните тркала, а на пазарот ќе биде конкурент на „Renault Captur“ и „Opel Mokka“. Во случај раководството да даде зелено светло за негово производство, овој модел нема да се најде во продажба пред 2017-та година.

Покрај под-компактниот кросовер, „Seat“ ја разгледува и можноста за производство на голем „SUV“ модел, кој ќе биде во класата на „Volkswagen Touareg“.

Стакман објаснува дека „Seat“ ќе се одлучи за овој „SUV“ само ако процени дека купувачите на оваа марка ќе бидат во доволен број заинтересирани за едно вакво возило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП