29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТретиот најголем производител на смартфони е Xiaomi

Третиот најголем производител на смартфони е Xiaomi

xi proi

Кинеската компанија „Xiaomi“ стана третиот најголем производител на паметни телефони во светот. Според овој показател таа веќе се наоѓа веднаш по „Samsung“ и „Apple“, покажува анализа на „IDC“, објавена од онлајн изданието „The Verge“.

Само во последните три месеци вкупно биле доставени 327 милиони смартфони. Од нив 17,3 милиони се на „Xiaomi“. Постигнувањето на компанијата е импресивно, со оглед дека таа ги продава уредите само во Азија, а главниот нејзин пазар е Кина, а има учество во Сингапур и Индија.

Според „IDC“, „Xiaomi“ забележа раст од 211.3% на годишна основа, кој е многу поголем од останатите компании. Сите производители во првите места забележаа раст со исклучок на „Samsung“.

Корејскиот производител има пад за 8,2% и го намалува пазарниот удел до 23,8%. Уделот на „Apple“ е 12%, а на „Xiaomi“ достигнува 5,3%. Минимална е предноста на „Xiaomi“ во однос на „Lenovo“ (5,2%) и „LG“ (5,1%).

Според „IDC“, главниот предизвик пред „Xiaomi“ ќе биде да успее брзо да излезе на меѓународните пазари, со цел да се искористи трендот на зголемен интерес за нејзините производи.

Од компанијата не го кријат својот интерес кон другите земји, но за сега не преземат вистински чекори кон навлегување на нив и претпочитаат, прво да се воспостави трајна челна позиција во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП