25 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 31.10.2014

Дневен хороскоп 31.10.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ова би можел за вас да биде активен ден во кој од вас ќе се очекува да преземете иницијатива кога станува збор за разработка на некој нов проект на работа. Ќе бидете под стрес бидејќи ќе бидете принудени да донесете брзи и точни одлуки. Обидете да се смирите и побрајте совет од некоја Вага. Променливото расположение негативно ќе влијае на љубовта.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денот е поволен поради транзитот на Сонцето кое вас ве поттикнува да барате некои нови решенија за своите проблеми, особено ако на работа ви е потребна инспирација. Поголеми оптимисти сте во однос на претходните денови иако имате многу незавршени обврски. Имате впечаток дека некој е подготвен да го прекрши договорот со вас и да ве изневери.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Транзитот на Меркур и Месечината ќе ве направат нетрпеливи и колебливи, а вашите соработници ќе бидат себични но и недоволно мотивирани. Претераната дискреција и извесната доза на таинственост ќе ви донесат лоши и неочекувани моменти. Имате впечаток дека некој работи против вашите интереси.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Во очекување сте на вест од некој кој неодамна сте го сретнале и сте разговарале за некоја важна работа. Некој Јарец или Шкорпија ќе се заинтересираат за вашите идеи. Во моментов малку работи се случуваат во ваша корист, не се грижете, се ќе помине во најдобар ред. Ќе добиете прилика да се сретнете со некој друг Рак.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Со право се сомневате во некој пријател кој од неодамна се завртел кон интересите на некоја Водолија или Стрелец. Ќе чувствувате немир а вашето расположение ќе биде променливо. Транзитот на Месечината ви носи можности за преговори за некоја нова работа од која очекувате добра заработка. Ќе ви помогнат некои Близнаци или Девица.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Верувате дека имате позитивно влијание на некое лице со кое често соработувате, можно е да станува збор за некоја Водолија. Кај вас денес исклучително е нагласена комуникацијата со странци. Обидете се да направите добар избор во тешките ситуации, односно да го изберете полесниот пат.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Се трудите да добиете на време која станува збор за донесувањето на одлука во врска со некоја нова работа поврзана со некоја Девица. Добро се чувствувате во друштво на некое лице кое ве поттикнува уште повеќе да работите и успеете. Овој ден ќе ви биде нагласена нетрпеливоста, внимавајте да не навлезете во некоја кавга. Во попладневните часови со радост ќе уживате во домашните услови заедно со саканата личност.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Не се нервирајте бидејќи новата работа не тргнала во посакуваниот правец. Некој Лав ќе ви подари одлични совети кои уште веднаш можете да ги примените. Некој ќе биде сериозен во намерите да ве убеди дека грешите, но не му обрнувајте внимание. Потешкотиите во емотивниот живот, решете ги со отворен разговор.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Месечината во Водолија ви носи одлична можност за успех во работата со некој Бик или Рак. Финансиските теми денес ќе ви бидат во преден план. Бидете подготвени да преземете неколку клучни чекори. Потребно е да се сретнете со некој Јарец или Бик. Постои можност да кратко патување.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе имате премногу желби и премалку прилики за нивно остварување. Вашите амбиции не се мали, но околностите ќе ве наведуваат на неопходна соработка со другите. Времето е добро за планирање на нови потфати, но реализацијата можеби малку ќе почека. Немојте да бидете нетрпеливи.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Како што ќе одминува седмицата ќе забележите дека станувате се покреативни. Поради тоа ќе почнете да работите со повеќе задоволство. Вашите идеи ќе бидат добро прифатени од страна на помладите колеги. Некои ќе добијат можност за настап или презентација пред публика.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Љубовното секојдневие еден ден ќе ви се чини како од бајка, а веќе другиот ден ќе ви биде здодевно. Оние што се во врска ќе треба подобро да балансираат. На работното место одлично ќе се снаоѓате. Некои ќе се покажат како добри советници, а своето знаење лесно ќе го применат во пракса. Малите несогласувања во комуникацијата ќе бидат со краткотраен карактер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП