20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВилата на Едвард Кардељ на продажба за два милиони евра

Вилата на Едвард Кардељ на продажба за два милиони евра

kardelj-vila

Вилата во која некогаш со своето семејство живеел Едвард Кардељ, еден од главните комунистички идеолози и лидери во поранешна Југославија, е понудена на продажба за два милиони евра, објавија словенечките медиуми.

По смртта на Кардељ и иселувањето на неговите потомци, куќата неколку години ја користела словенечката територијална одбрана, а повремено се населувале и илегални сквотери, кои организирале масовни забави.

Вилата, која се простира на површина од околу 400 метри квадратни, ја продаваат наследниците на Кардељ.

Таа им е нив доделена по долгогодишната постапка за денационализација, а денес се наоѓа во многу лоша состојба.

Едвард Кардељ беше долгогодишен близок соработник на некогашниот доживотен претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, а остана запаметен по теоретската и практичната изработка на идејата за работничкото самоуправување, развиено во периодот од 1952 до 1980 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП