28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците ќе потрошат над седум милијарди долари за Ноќта на вештерките

Американците ќе потрошат над седум милијарди долари за Ноќта на вештерките

sv-noc-vestica

Американците ќе потрошат 7,4 милијарди долари оваа година за подготовки за Ноќта на вештерките, што традиционално го одбелжуваат ноќта спроти 1 ноември, јави ТАСС.

Најголем дел од сумата оди за купување, шиење или најмување на костуми. Американците по традиција сакаат да се маскираат како вештерки, зомби и вампири, или како популарни херои од анимирани или играни филмови или од романи.

Оваа година, меѓутоа, хит на пазарот се и костуми како заштитна облека на лекари, кои работат со заболени од ебола.

Главната парада по повод Ноќта на вештерките ќе се одржи подоцна денеска во Њујорк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП