20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузната резиденција Buckskin Drive (фото)

Луксузната резиденција Buckskin Drive (фото)

Со локација во Лагуна Хилс во Калифорнија, овој дом е дизајниран за пар кој ја познава архитектурата и кој сака своите вештини добро да ги искористи…

Во текот на потрагата по совршен имот со поглед на океанот, тие стигнале на ова место со панорамски поглед. Нивниот дом го дизајнирале „Whipple Russell Architects“.

Овој дом е простран и задоволува одредена естетика, која е забележлива во целото опкружување. Го претставува традиционалниот стил со модерни елементи. Екстериерот е направен од природни материјали, како што се цигли, дрва и гипс, и претставува елегантни и јасни линии.

Позната под името „Buckskin Drive“, резиденција претставува склоп од социјални и приватни простори, кои на вистински начин ги комбинираат модерните дизајнерски елементи со традиционалната естетика.

Овој луксузен дом и дава малку поспецифичен карактер на, инаку, едноличната улица, а со тоа се задоволни и сопствениците и соседите. Дрвото и циглата се користени за да се креира смирувачки стил на ентериерот кој е исполнет со природно и вештачко светло.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП