28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft ја претстави својата нова паметна нараквица (видео)

Microsoft ја претстави својата нова паметна нараквица (видео)

unknown

Технолошкиот гигант „Microsoft“ го претстави својот нов уред – нараквицата „Microsoft Band“.

Со овој потег „Microsoft“ се придружи на заситениот пазар на уреди од овој вид, на кој компаниите се борат да ги придобијат корисниците кои сакаат да ја следат својата здравствена состојба и физичките активности.

microsoft_band_exploder_2040_0

Според „Microsoft“, нараквицата на корисниците со помош на 10-те сензори ќе им помогне да ги следат податоците за отчукувањето на срцето, согорување на калориите, мерење на количината на стресот, спиењето, а како новост е претставен и UV сензорот кој ја мери изложеноста на сонце.

Microsoft Band може да се користи со iOS, Android и Windows Phone уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП