25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСветска премиера на харизматичниот Golf Alltrack во Париз

Светска премиера на харизматичниот Golf Alltrack во Париз

sadem

Наменет за сите терени: Golf  Alltrack има погон на сите тркала и off-road изглед

Четири моќни мотори се вградуваат кај овој модел: еден новиот TSI бензински мотор со 180 КС и три TDI мотори со моќност до 184 КС

Десет клучни факти за Golf  Alltrack:

1. Патнички автомобил и спортско корисно возило споени во едно: Новиот Golf Alltrack ги спојува  on и off-road световите, и технички и визуелно.
2. Со повеќе надворешни слоеви Golf Alltrack, како и поголемиот Passat Alltrack, е развиен врз база на караванската изведба.
3.  Стандардната опрема вклучува 4MOTION постојан погон на сите тркала.
4.  Со SUV опрема и со дополнителни 20 мм поголемо растојание од подлогата Golf Alltrack е совршено теренско возило
5.  Моторите кои се вградуваат имаат моќност од 81 kW / 110 КС (TDI), 110 kW / 150 КС (TDI), 132 kW / 180 КС (TSI) и 135 kW / 184 КС (TDI).
6. Верзиите 180 КС и 184 КС доаѓаат со стандарден 6-степен автоматски DSG менувач.
7.  Предниот и задниот дел на возилото има независен дизајн, автомобилот се препознава по карактеристичните SUV елементи околу тркалата и по страничните прагови.
8.  Модернизираните елементи во ентериерот изработени се од уникатни материјали преку нив се акцентира спортскиот карактер на возилото.
9.  Golf Alltrack ќе пристигне на пазарот во пролет 2015.
10.  Со Golf Alltrack, Volkswagen ја продолжува производната офанзива. Тој е дванаесеттата верзија на новиот Golf која се појави во изминативе 24 месеци.

azem

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП