20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОва е најдобриот лек против настинка и температура

Ова е најдобриот лек против настинка и температура

Најдобриот лек против настинката и зголемената телесна температура е одморот, советува германскиот магазин за здравје „Naturarzt“.

Бидејќи земањето на лекови за намалување на температурата може субјективно да ја подобри состојбата, пациентите често ќе се почувствуваат добро, па стануваат од креветот и продолжуваат со секојдневните активности, а на тој начин не се одмараат доволно. Високата температура е важна во борбата против инфекциите.

За телото да добие што повеќе витамини и секундарни производи од билки – заштитни хемикалии кои ги произведуваат билките, а имаат лековити својства за луѓето, се препорачува голема консумација на овошје и зеленчук.

Двете магични растенија за борба против вирусот и бактериите и за зајакнување на имунолошкиот систем се ренот и лукот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП