28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНема веќе непоразени во Серија А

Нема веќе непоразени во Серија А

Genoa

По деветтото коло во Италијанското фудбалско првенство веќе нема екипа без изгубен натпревар, откако синоќа Јувентус со гол примен во четвртата минута од судиското надополнување загуби на гостувањето кај Џенова.

Овој пораз на шампионот и одеше во прилог на Рома која рутински ја совлада Чезена и се изедначи со конкурентот за шампионската титула.

Постигнати резултати на синоќешните осум дуели од 9.коло во Серија А: Аталната – Наполи 1:1, Каљари – Милан 1:1, Фиорентина – Удинезе 3:0, Џенова – Јувентус 1:0, Интер – Сампдорија 1:0, Палермо – Киево 1:0, Рома – Чезена 2:0 и Торино – Парма 1:0.

Во вторникот Сасуоло – Емполи 3:1.

Колото ќе биде комплетирано вечер со дуелот Верона – Лацио (почеток 20:45 часот).

Табела: Јувентус 22 бодови, Рома 22, Милан 16, Сампдорија 16, Удинезе 16,…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП