29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen Up! со спортски имиџ (фото)

Volkswagen Up! со спортски имиџ (фото)

sportski up

Најмалиот „Volkswagen“ ја доби верзијата „Street Up“! која е дизајнирана да ги привлече младите купувачи и оние кои сакаат нивниот автомобил да изгледа како спортски модел.

Германскиот произвоидтел досега претстави бројни подверзии за својот мал градски автомобил, а најновата верзија на моделот „Up!“, се разликува од стандардниот по спортските стилски детали на надворешноста и ентериерот.

sportski up1

Црниот екстериер е украсен со сребрено-жолти тркачки линии, а пакетот опфаќа и хромирани рамки за светлата за магла, сребрени куќишта на ретровизорите и специајлно дизанирани 16 инчни алуминиумски тркала.

Покрај тоа, „Street Up!“ има спортска суспензија, посебни навлаки на седиштата, кои го следат дизајнот на надворешноста.

sportski up2

Сепак, „VW Street Up!“ нема да ги задоволи вистинските купувачи на спортски автомобили, затоа што моторизацијата остана иста како кај стандардната верзија.

На купувачите на располагање им се верзии со трицилиндарски 1.0-литарски бензински мотор со 60 и 75 ks, како и верзија со 68 „коња“, која како погонско гориво, покрај бензин, користи и природен гас.

Почетната цена за моделот „VW Street Up!“ во Германија изнесува 13.575 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП