29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо го сака Пике!

Мурињо го сака Пике!

pike z ee

Дали Челзи во следниот преоден рок ќе доведе уште еден играч од Барселона, некогашен член на ривал од Премиерлигата?

Донекаде сензационални најави се појавија во страна на англиските медиуми – Жерар Пике на „мета“ на лондонски Челзи!

Дефанзивецот на Барселона е се повеќе предмет на критики, особено по неговата лоша игра на „Ел Класико“, а навивачите во Шпанија му замеруваат и на тоа што ја поддржува независноста на Каталонија.

„Неговиот“ Манчестер Јунајтед веќе се споменува како „излез“, а од денеска и Челзи, кој најверојатно се подготвува да го „украде“ Пике од заинтересираните „ѓаволи“.

Своите тврдења англиските медиуми ги потпираат на фактот дека Мурињо е во потрага на долготрајна замена за капитенот Џон Тери, иако во своите редови го има младиот Курт Зума.

Сепак, самиот Пике негира дека би можел да се врати во Англија, т.е. дека размислува само за Барселона.

„Секогаш говорам дека би сакал, ако тоа е возможно, кариерата да ја завршам во Барселона. Во овој момент не размислувам за заминување, јас сум навивач на Барселона, отсекогаш сум бил и сакам да останам“, вели 27-годишниот дефанзивец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП