29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook е на пат да биде поголем од Кина!

Facebook е на пат да биде поголем од Кина!

fb mob korisnici 232

„Facebook“ ги објави резлутатите од работењето во третиот квартал во 2014-та, а најимпресивен е податокот од 1.35 милијарди активни месечни корисници, пишува „TNW“.

Таа бројка е скоро идентична со бројот на жители на Кина, земја која има најмногу жители на планетата. Доколку се собере бројот на жители во Америка (околу 316 милиони) и во Европа (околу 742 милиони), резултатот би бил малку поголем од милијарда, што е помалку од бројот на корисници на „Facebook“.

Оваа друштвена мрежа објави дека бројот на мобилните месечни корисници е 1.12 милијарди, што претставува раст од дури 29 проценти во однос на лани.

Со оглед на растот на бројот на месечни корисници од 14 проценти во однос на минатата година, се очекува дека за една година или порано, „Facebook“ би можел да стане „најнаселената нација“ на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП