25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал го „краде“ Лихтштајнер

Арсенал го „краде“ Лихтштајнер

lihtstajner 243

Застојот во преговорите околу продолжувањето на соработката со шампионот на Италија би можел да го искористи англискиот клуб.

Добро информирани извори од Италија тврдат дека од Јувентус го загубиле трпението со Стефан Лихтштајнер.

Договорот на швајцарскиот фудбалер истекува на крајот на сезоната, а последните месеци безуспешно се преговара околу продолжувањето на соработката. Се смета дека фудбалерот сака нов тригодишен договор вреден 3 милиони евра по сезона, а понудата од Јувентус е еден милион помалку од посакуваната сума.

Милионската разлика го натерала раководството на клубот да започне со потрага по нови решенија, т.е. во прв план се појави Мика Ричардс, фудбалерот на Сити кој е на позајмица во Фиорентина.

Англичанецот ја загуби довербата на „Етихад“, неговиот договор истекува на крајот на сезоната, па затоа Јувентус се надева дека ќе успее моќниот дефанзивец да го доведе во своите редови.

Kога станува збор за Лихтштајнер, Швајцарецот исто така има избор, а за неговите услуги интерес покажа Арсен Венгер, кој има бројни проблеми во дефанзивната линија и на кој евентуалното доаѓање на еден ваков играч ќе биде од клучно значење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП