29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЈутјуб ја разгледува можноста за наплаќање на содржините

Јутјуб ја разгледува можноста за наплаќање на содржините

youtube

Интернет порталот Јутјуб би можел наскоро да почне со наплаќање на гледањето на содржините, што ги објавува во замена за отстранување на рекламите, изјави неговата директорка Сузан Војцицки.

– Посетителите на порталот во иднина би можеле да избираат меѓу рекламите или можноста да го платат гледањето на содржините, истакна Војцицки на конференција во САД.

Јутјуб сега се финансира со наплаќање на куси реклами, кои посетителие на сајтот мораат да ги погледнат, пред да го видат видеото, што го барале.

– Размислувам за тоа на корисниците да им го препуштиме изборот, изјави директорката на Јутјуб.

Таа рече дека има корисници, кои се подготвени да платат за да не ги гледаат рекламите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП