20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft во петок ќе престане со продажба на Windows 8

Microsoft во петок ќе престане со продажба на Windows 8

mic 8 pro

„Microsoft“ пред две години со многу фарфани го објави „Windows 8“, но овој оперативен систем не успеа да ги импресионира корнисиците, или барем не критичната маса.

И додека „Microsoft“ работи на тоа да го напушти „Windows 8“ што побргу и корисниците да ги пренасочи на „Windows 10“, компанијата изгледа е подготвена да престане со продажбата на овој оперативен систем, и тоа во текот на оваа недела.

„Microsoft“ сака сите кои го купуваат новиот оперативен систем, всушност веднаш да го купат „Windows 8.1“.

Интернет страната која дава детали за животниот циклус на „Windows“, открива дека 31-ви октомври 2014-та година е датумот кога „Windows 8“ ќе престане да се продава.

Ова значи дека самостојните копии на овој оперативен систем, по петок нема да можат повеќе да се најдат во продавниците. Од друга страна, „Windows 8“ и натаму ќе биде достапен и однапред инсталиран на новите компјутери, затоа што лиценците и натаму ќе бидат достапни за производителите и партнерите.

Потсетуваме дека според податоците за септември, „Windows 8“ е инсталиран на 5.6 проценти од компјутерите, додека „Windows 8.1“ е малку подобар со 6.7 отсто удел. Со „Windows 10“, „Microsoft“ се надева дека ќе се „ослободи“ од „Windows 8“ и така да ја спаси целата работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП