20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен имот во Сен Тропе (фото)

Луксузен имот во Сен Тропе (фото)

haf1

Сен Тропе е многу позната и популарна дестинација, во која секогаш ќе се враќате и секој пат ќе ви биде се поубава…

„Vila Des Parcs“ во Сен Тропе е имот кој се наоѓа на брегот на морето и кој може да се изнајми. Во оваа вила, можете да уживате како да не сте на овој свет, туку во некоја магична земја, креирана според вашите желби.

Со традиционален стил помешан со модерни елементи, оваа луксузна вила има 500 метри квадратни простор, а секој свој посетител го воодушевува со неверојатната панорама на Медитеранот.

Оваа вила ви нуди пристап на најубавите плажи во околината. Добриот одмор овде ќе ви биде загарантиран, а чувството кое ќе го имате додека сте овде на одмор ќе го паметите цел живот. Опкружена со прекрасни тераси, сјајни плажи и бистро море, оваа приватна вила ви нуди простори за уживање внатре и надвор.

„Al fresco“ оброци, покрај морето и во градината, ви даваат опција за безгрижно уживање во овој неверојатен амбиент.

Големиот базен и погледот на кристално чистото море, ќе ви ги освежи умот и телото и ќе ви ја смири душата. Персоналот само чека ваш знак, ваша желба или ваше барање. Тие се тука да ви овозможат се што ќе посакате.

Свежо и мирисно цвеќе ги декорира просториите на оваа прекрасна вила. Постелнината е од висок квалитет, создадена за безгрижен сон.

Во бањата ве очекуваат „Bulgari“ производи, а сите детали се внимателно одбрани и изложени, за да креираат совршено окружување.

haf2

haf3

haf4

haf5

haf6

haf7

haf8

haf9

haf10

haf11

haf12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП