28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕУрбана куќа во Њујорк (фото)

Урбана куќа во Њујорк (фото)

ur1

Њујорк е град кој ви нуди најширок спектар на можности…

Кога зборуваме за животот во овој величенствен град, можеме да бираме помеѓу луксузни куќи кои се наоѓаат високо над градот или мали шик станови, луксузни вили или градски куќи. Во Големото Јаболко, секој може да пронајде нешто што му одговара.

Денес ви претставуваме една неверојатна градска куќа, со современ стил, која има прилагодени детали кои ги смислило дизајнерското студио „Eric Cohler Design“.

Два триплекс стана се споени за да ја формираат оваа фантастична куќа, која содржи и лифт. Има сјајно декорирани ѕидови и плафони, внимателно избран мебел и декоративни предмети кои совршено ја следат тематиката на дизајнот.

Палетата на бои е софистицирана и смирувачка, се состои од неутрални тонови за да компонира колекција од смирувачки и удобни простори.

Сивите подови се еден од важните елементи на овој дом. Ова совршено место за живот е комплетирано со теретана и медиа соба, а секој кат кој ќе го посетите има нови елементи кои во истиот момент ќе ги засакате. Дали ви се допаѓа?

ur2

ur3

ur4

ur5

ur6

ur7

ur8

ur9

ur10

ur11

ur12

ur13

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП