24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche подготвува ривал на Model S

Porsche подготвува ривал на Model S

porsche-sport-turismo-2_0

Британските медиуми пишуваат дека „Porsche“ развива нов електричен модел со кој ќе конкурираат на „Teslа Model S“.

Иако засега нема многу детали, познато е дека новиот модел ќе биде верзија на идниот „Porsche Pajun“ (Pa-Panamera и Jun–Junior), како и тоа дека неговиот изглед ќе биде инспириран од концептот „Panamera Sport Turismo“ од 2012-та година.

Автомобилот најверојатно ќе се базира на втората генерација на „MSB“ платформата, а ќе го придвижува електромотор со 310 kW/416KS и 600 Nm.

Според сегашните најави, автономијата со едно полнење на литиум-јонската батерија ќе биде доволно да се поминат повеќе од 250 милји (402 km).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП