19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина и 20 други азиски држави формираа банка за финансирање на проекти...

Кина и 20 други азиски држави формираа банка за финансирање на проекти од инфраструктурата

asian-infrastructure-investment-bank

Претставници на 21 држава од Азија денеска во Пекинг потпишаа спогодбата за формирање на Азиска банка за инвестиции во инфраструктурата, која во почетокот ќе располага со 50, а од идната година со 100 милијарди долари.

Мултилатералната институција ќе има главна централа во Пекинг, а ќе поддржува инвестициони проекти за изградба на патишта, аеродорми, брани, мостови и слични развојни проекти.

Меѓу оснивачите, покрај Кина, се и Сингапур, Индија, Тајланд и Малезија. Пристапувањето го одбиле Австралија и Јужна Кореја, а одлуката за тоа дали Индонезија ќе биде дел од банката треба да ја донесе новоизбраниот претседател Видодо.

Првите реакции говорат дека новата банка ќе биде голем конкурент на Светската банка и Азиската банка за развој, институции во кои побогатите азиски држави немаат влијание во одлучувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП