29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo го зголеми профитот во последниот квартал

Volvo го зголеми профитот во последниот квартал

volvo logo

Шведскиот производител на камиони, автобуси, мотори и градежна опрема, „AB Volvo“, оствари во третиот квартал раст на профитот од 1.6 милијарди круни (220 милиони долари) во пазарни услови полни со предизвици.

Компанијата „Volvo“ до 1999-та беше во сопственост на групацијата „AB Volvo“, но тогаш ја купи „Ford“ зa 6.45 милијарди долари, за во 2010-та да биде продадена на кинеската холдинг групација „Geely“ за 1.8 милијарди долари.

Фабриката од Гетеборг потсети во соопштението дека во минатогодишниот трет квартал имала профит од 1.4 милијарди круни.

„Volvo“ наведува дека приходите исто така забележале мало зголемување на 67.2 милијарди круни (9.2 милијарди долари).

Групацијата „AB Volvo“ 39 проценти од приходите ги остварува во Европа, 23 отсто во Северна Америка, 20 проценти во Азија и 11 отсто во Јужна Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП