29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКедира прифаќа да игра за пониска плата!

Кедира прифаќа да игра за пониска плата!

khedira3

Сами Кедира се уште е член на Реал Мадрид, но поради тоа што од почетокот на сезоната нема многу голема минутажа, повторно е актуелно неговото заминување.

Германецот најверојатно ова лето бил близу до трансфер во Арсенал, се споменуваше и Челзи, но до договор не дојде поради неговите превисоки барања.

Имено, Кедира сака да зема иста плата како во Реал, но Арсен Венгер не беше подготвен да му го понуди тоа.

Сепак, како што изминува времето, се чини дека Германецот размислил и според последните информации најавил дека би прифатил и намалување на платата.

Ова нормално се добри вести за Арсенал од кој се очекува сериозно да се заинтересираат за Кедира во јануари, имајќи ги во предвид нивните проблеми во средниот ред, иако Челзи исто така се интересираше за него, но тоа беше пред доаѓањето на Матиќ, па тешко е да се очекува дека „сините“ ќе достават понуда за него во овој момент.

Но дали Венгер конечно ќе се освести и ќе го доведе Кедира во јануари на „Емирати“?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП