23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSberbank ја тужи ЕУ поради санкциите

Sberbank ја тужи ЕУ поради санкциите

sberbank454g445g4g4g44gf

Руската „Sberbank“ се обрати до судот во ЕУ во Луксембург со барање за поништување на одлуката на Советот на ЕУ за примената на санкциите воведени кон Русија, кои се однесуваат на оваа банка.

Бидејќи случајот е предмет на разгледување од страна на судот на ЕУ, во согласност со вообичаената пракса за овој вид прашања, банката нема да го кометира своето барање се до конечното решение на судот, се наведува во соопштението.

ЕУ на 1. Август воведе санкции за рускиот финансиски сектор. Ограничувањето за работа е воведено за пет руски банки – „Sberbank“, „VTB“, „Gazprombank“, „Vnesheconombank (VEB)“ и „Rosselkhozbank“.

Санкциите се воведени на една година, со можност за разгледување по три месеци. На европските резиденти им е забрането на овие банки да им овозможуваат среднорочно и долгорочно финансирање. Притоа зависните претпријатија на овие банки регистрирани на територијата на ЕУ, се исклучени од санкциите. Таква структура има „Sberbank“, „VTB“ и „Gazprombank“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП