19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNintendo работи на нова конзола?

Nintendo работи на нова конзола?

nin3w

„Wii U“ сега е стара веќе две години, што без сомневање значи дека „Nintendo“ планира да започне со работа на својата следна голема конзола.

Притоа, ако може да им се верува на новите информации, компанијата веќе сериозно започнала да размислува за наследникот.

„Nintendo“ објави оглас за работа во кој бара „експерт за графика“ кој ќе работи во групата одговорна за „Nintendo“ конзолата. Притоа, во огласот стои конзола, а не мобилен уред.

Тоа што е доста интересно е податокот дека огласот се појави во САД, а не во Јапонија, што можеби сугерира дека „Nintendo“ можеби ќе го најде својот Марк Черни (главниот архитект за „PS4“).

„Wii U“ не го привлече вниманието на гејмерите, и доколку „Super Smash Bros“ не ја промени таа ситуација, работите можат само дополнително да се влошат за оваа конзола.

Прехтодните информации тврдеа дека „Nintendo“ подоготвува да ја открие новата конзола под името „Fusion“, но компанијата ова го демантираше.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП