29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКога ќе го видите ова никогаш повеќе нема да јадете на работната...

Кога ќе го видите ова никогаш повеќе нема да јадете на работната маса (видео)

kafa_1414085807_670x0

Кога ќе ја погледнете вашата работна маса, таа најверојатно делува чиста. Но, тоа не е точно. Ова видео прикажува колку всушност работната маса на која вие секојдневно јадете и работите е прекриена со бактерии, дури и со оние од ВЦ-то, а тие лесно се шират преку вашите раце и устата.

Бидејќи секоја четврта личност која оди во тоалет не ги мие рацете, се од кваката на вратата до тастатурата е заразено со бактерии. Со цел да останете здрави, експертите одлучија да ви откријат кој е најдобриот начин за да се ослободите од што поголем број на бактерии.

Докторката Лиза Ејкерли од Кралското здружение за јавно здравје предупредува за ефектот на „кивање” после пуштањето на вода во шолјата во тоалетот. Ако не ја спуштите даската пред да пуштите вода, бактериите буквално се разлетуваат на оддалеченост и до шест метра. Тоа значи дека бактериите автоматски доаѓаат во контакт и со вашето лице и вашите раце.

Во истражувањата е откриено дека на само еден квадратен сантиметар на тастатурите се наоѓаат околу 1.000 организми, а на компјутерското глувче дури 500 од нив. Во текот на денот вие ги собирате тие бактерии и кога ќе се одлучите да јадете на работната маса без претходно да ги измиете рацете, практично ги пренесувате и во вашата уста.

Познато е дека околу 16 проценти од луѓето носат норовирус, кој предизвикува повраќање и дијареа, но кај нив не се забележителни никакви симптоми.

Вие може да се чувствувате совршено добро, но можно е тој вирус да го разнесувате насекаде низ канцеларијата, објаснува таа.

Таа препорачува да користите течност за дезинфекција на рацете откако ќе излезете од тоалетот и во текот на целиот ден.

Само на таков начин нема да соберете нечии микроорганизми, ако тој некој заборавил да ги измие рацете и нема и вие да продолжите да ги ширите низ канцеларијата, вели таа.

Сепак, најдобар начин за да го спречите ширењето на инфекции во канцеларијата е миењето на рацете. Не би имало ни половина толку болни луѓе кога сите редовно би ги миеле рацете. Со само 20 секунди миење на рацете со топла вода и антибактериски сапун ќе го прекинете ширењето на бактериите. По миењето задолжително добро исушете ги рацете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП