19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon забележа загуба од речиси половина милијарда долари

Amazon забележа загуба од речиси половина милијарда долари

amazon fulll

Најголемиот интернет трговец во светот, „Amazon.com“, ја зголеми нето загубата во третиот квартал од оваа година поради големите инвестиции и развојот на нови проекти.

Нето загубата на „Amazon“ во периодот јули-септември достигна 437 милиони долари во однос на 41 милион долари во истиот период од минатата година, соопшти компанијата.

Приходите се зголемени за 20 отсто или на 20.6 милијарди долари. Аналитичарите предвидуваа нето загуба на компанијата на ниво од 331.4 милиони долари со приходи од 20.9 милијарди долари.

Во претходниот квартал „Amazon“ отпиша 170 милиони долари поради слабата продажба на смартфонот „Fire“, кој беше пуштен на пазарот во јули оваа година. Продажбата на овој паметен телефон се покажа многу слаба и компанијата беше принудена значително да ги намали цените.

Расходите за „технологија и содржини“, кои вклучуваат развој на нови производи, лиценцирани музички и видео содржините, како и основање на центар за обработка на податоци, во третиот квартал се зголемени за 40 проценти, наведуваат од „Amazon.com“.

Според прогнозите, „Amazon“ во четвртиот квартал ќе оствари 27.3 до 30.3 милијарди долари профит несметајќи ги еднократните фактори.

По објавувањето на кварталните резултати акциите на компанијата вчера забележаа пад од осум отсто. Од почетокот на годината нивната вредност е намалена за 22 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП