29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапрен падот на потрошувачката доверба во Германија

Запрен падот на потрошувачката доверба во Германија

germanijaen3uhr8hf

Падот на потрошувачката доверба во Германија е запрен, а домаќинствата делуваат помалку загрижени околу економските последици од геополитичката криза, покажа денес анкетата на истражувачката компанија ГФК.

По долгиот период на опаѓање на довербата, потрошувачката доверба во октомври е малку зголемена, а негативниот тренд е запрен, наведува ГФК, пренесува агенцијата Франс прес.

Компанјата предвидува дека индексот на довербата во ноември ќе порасне на 8,5 од 8,4 поени во октомври. Индексот се пресметува врз основа на одговорите на околу 2.000 домаќинства во поглед на нивните очекувања поврзани со приходите и целокупната економија во претстојните месеци.

На крајот на септември, индексот на деловната клима кој го пресметува економскиот институт Ифо беше намален на најниското ниво во последните 17 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП